Економијата тоне, сиромаштијата се зголемува, а стопанството трпи и оди во бездна. Нема ништо од тоа што Заев го нарекуваше економска година, живот, прав пат и така натаму трета година по ред. И тоа не е така затоа што сме опозиција и наша работа е да критикуваме, туку затоа што и бројките тоа го говорат. Реалноста говори дека Македонија тоне, несигурноста е сеприсутна, во домашните компании ништо не се менува, а наплатата оди се потешко. Секој изминат месец е загуба за економијата. И ова не го зборувам на памет, туку ова ќе го поткрепам со неколку индикатори и со бројки, ова денеска на прес-конференција го истакна Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе започнам од конечниот извештај на Управата за јавни приходи за 2019 година. Ќе потсетам периодот на анализа е 1 Јануари 2019 заклучно со 31 декември 2019 година. Зошто ова го кажувам ќе кажам малку подоцна. Имено даночните приходи кои што биле предвидени од страна на Управата за јавни приходи дека ќе бидат собрани во 2019 година биле на ниво од осумдесет и шест милијарди петстотини дваесет милиони денари. Но, за жал она кое успеало да го реализира УЈП во календарската 2019 година е осумдесет и две милијарди триста и деветнаесет милиони двеста шеесет и четири илјади двеста дваесет и девет денари или тоа е за 4,80% помалку од тоа што било на почетокот од оваа календарска година планирано да го реализира УЈП. Ќе ве потсетам буџетот за следната 2020 година е поголем за 5% од тоа што беше во 2019, а бројките говорат дека УЈП како најголем полнач на буџетот всушност во 2019 година не успеала за цели 5% да го исполни она кое што самата си го задала како цел или тоа е некаде околу четири милјарди и двеста милиони денари или цели 70 милиони евра помалку од тоа кое што било планирано на почетокот на година што значи дека тоа што го направила УЈП е доволен доказ да кажеме дека и заклучиме дека не само што економијата оди во погрешен правец, туку оди и во бездна. Само за месец декември 2019 година биле планирани околу осум и пол милијарди денари да бидат прибрани од страна на УЈП, а биле прибрани околу осум милијарди и педесет милиони денари или за 5,77% помалку од истиот декември во 2018 година. УЈП, даночните приходи ги темели на три столба. Првиот столб е данокот на добивка и тој е катастрофален односно за цели 24,49% е понизок од тој што бил планиран на почетокот на годината, вели Мицкоски.
Тој додава дека данокот пак на личен доход е за 1,98% помал од тој што бил планиран и тоа е така само поради тоа што имавме зголемена даночна ставка заклучно со месец октомври. Доколку немавме зголемена даночна ставка односно доколку не се извршеше груба пљачка на граѓаните и стопанството во Македонија и оваа ставка на потфрлање ќе беше двоцифрена.
Кај ДДВ, данокот на додадена вредност имаат околу 0,15% помалку од планираното или се на се тој е приближно 5% помалку од планираното или за цели седумдесет милиони евра, имаат потфрлање од тоа што било планирано на почетокот на годината. Доказ дека на економијата не и оди добро за извор ќе го напоменам извештајот кој што го издава УЈП. Втор индикатор дека имаме цунами економија односно катастрофа во економијата трета година по ред е бруто домашниот производ кој што гледаме беше дел и од она скапо платена кампања на СДСМ по медиумите и така фалени резултати кои што се однесуваат до порастот на бруто домашниот производ. Но, тоа е кога споредуваме погрешни индикатори, тоа е она кога се обидувате на брутален начин да ја лажете и манипулирате јавноста. Имено, сега како извор ќе го земеме извештајот на Светска Банка и ќе споредиме како индикатори два периода и тоа првите три години во периодот 2006-2008 кога се формираше втората влада на ВМРО ДПМНЕ и периодот 2017 – 2019 кога оваа влада на Зоран Заев и СДСМ беше избрана. Но, истовремено растот на БДП во македонската економија ќе го споредиме со растот на БДП во ЕУ за истиот период па ќе заклучиме во периодот јуни 2017 – 2019 година декември, растот на македонската економија е приближно 2, 14 % односно растот на БДП за тој период, додека пак растот на БДП во ЕУ за истиот период 2,2 %. Период мај 2006 јуни заклучно крај декември 2008 година растот на БДП во македонската економија е 5,7 % додека пак растот на БДП во ЕУ е 2,32 % или тој е два ипол пати поголем од истиот раст кој што го има БДП во ЕУ, додека пак сега е за 0,97 пати помал од тоа кое што го има растот генерирано БДП во ЕУ. Со други зборови за 2, 5 пати за истиот тој период бил поголем растот на БДП во Македонија споредено од тоа што е сега, рече Мицкоски.
Додаде дека кога стабува збор за странските инвестиции трет индикатор, извор Народна Банка на Република Македонија заклучно со третиот квартал 2019 година странските инвестиции се околу 113 милиони евра или споредено со истиот период од минатата година кога стопанството беше под жесток притисок на информацијата дека од 01.01 2019 ќе се зголемуваат даноците во нашата држава, биле инвестирани за 186 милиони повеќе отколку тоа што го направија оваа година или да го поедноставиме оваа година заклучно со третиот квартал заклучно со месец септември имаме за 186 милиони евра помалку директни странски инвестиции од колку за истиот период минатата година и тие се на ниво од 113 милиони евра. Колку за потсетување соседна Србија за истиот тој период има 2, 6 милијарди евра директни странски инвестиции, Словенија има 695 милиони евра, Соседна Бугарија има 460 милиони евра.
-Четвртиот и петтиот индикатор за кој што денеска ќе зборуваме во наредните денови ќе зборуваме и за другите индикатори во економијата и ќе докажеме дека ние освен цунами економија и економија која што се движи кон сигурна бездна немаме ништо друго. Сето друго е само блескаме во главата на Зоран Заев и СДСМ. Имено, индустриското производство внимавајте каква опаѓачка траекторија има. Во август месец 2019 споредена со истиот месец 2018 имаме 9, 8 % , септември имаме 6, 1% , октомври имаме 4,2 % раст додека пак ноември имаме 2,1 % опаѓање споредено со ноември 2018, слично нешто ќе имаме и во декември а истото поради високата база од првиот квартал оваа година ќе ни се случува и во првиот квартал во 2020 година. Петтиот индикатор бројот на работници во индустријата август месец 2019 споредено со август месец 2018 имаме за 1,6 % помалку од тоа што било во август месец 2018, септември за 1,6% помалку, октомври за 2,2%, ноември за 2,8%. Или пак ако го анализираме периодот од јануари месец 2019 заклучно со 30 ноември 2019 имаме за 1,5 % помалку вработени во индустријата од тоа што го имавме за истиот период во 2018 година. Почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни Зоран Заев нее повеќе премиер но, со оваа државаа управуваат остатоците на неговиот трул криминален и транзиционен систем. Потребно е да се порази тој систем преполн со афери скандали тендери во четири очи, виткање на кичма, лаги, измами, неправда криминал и корупција. Македонија нема избор Македонија мора да оди вистински напред горда достоинствена и со исправена кичма. Македонија мора да изгради општество на развиена економија технолошки инвестициски тигар на балканот и најважно за сето ова да се даде шанса на квалитетни професионалци и стручни луѓе. По 12 април доаѓа обновата на Македонија, заврши Мицкоски.