Експертите предупредуваат: 99 отсто од децата пијат премногу млеко!

Експертите предупредуваат дека исхраната во најмладите години е мошне важна и дека одредува какво ќе биде здравјето во иднина.

Дури 99, 9 отсто од децата на возраст под две години внесуваат премногу протеини, или речиси три пати повеќе од она што е потребно, покажува досега најголемата студија за дестаката исхрана.

Исто така, две третини од децата, на возраст до две години внесуваат повеќе калории од препорачаната доза, што може да доведе до висок крвен притисок, срцеви заболувања и дијабетес тип 2 во подоцнежниот период од животот.

Доколку детето било склоно кон повишена телесна тежина во детството, постои голема веројатност дека ќе биде таква и кога ќе порасне. Една петина од децата имаат прекумерна тежина до седмата година, а една третина од нив до завршувањето на основното училиште.

Истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот Оксфорд и Брисел сметаат дека внесувањето на протеините е толку високо пред се поради тоа што родителите на децата им даваат премногу млеко, јогурт и други млечни производи.

Тие истакнуваат дека на детето, кога ќе премине на цврста храна, не би требало да му се два премногу кравјо млеко или млечна формула. Британскиот Национален завод за здравје советува дека на најмладите не треба  да им се дава повеќе од 600 мл млеко дневно.

Во студијата, што е објавена во Британскиот журнал за исхрана, учествувале 2.336 деца.