Силна експлозија одекнала на набото над кубанската провинција Пинар-дел-Рио, известувааат очевидци, додека властите сметаат дека не станува пад за авион туку за можен пад на метеорит.
Според локалните медиуми, очевидците од местото на настанот пријавиле силна експлозија, а на небото бил забележителен оган и столб од чад. Според порталот Cibercuba,, некои новинари кои биле на самото место, наводно виделе, експлозија на воен авион.
Од своја страна, Националната метеоролошка служба во Ки Вест на Флорида, соопшти дека можно е да станува збор за пад на метеорит.
„Добиваме извештаи за метеорит кој бил забележан на небото над Флорида-Лис. Се чини дека метеорит паднал на западот од Куба, во близина на градот Виналес“, објавено е на страницата на Twitter на американската служба.
Кубанските власти, исто така, се категорични дека не станува збор за експлозија на авион, и најверојатно според нивните сознанија се работи за метеорит.
Desde Pinar del Río se dice que un meteorito ha caído. En el Mural de la Prehistoria hay reportes de piedras que han caído y que no pertenecen a los mohos tés. pic.twitter.com/8j2uE9HVGc
— Alberto C. Toppin (@toppin1893) February 1, 2019