Екуменскиот патријарх формално прогласи автокефалност на украинската православна црква

Цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпиша во саботата томосот за новата украинска црковна структура, Православната црква на Украина, со што го одбележа историското раздвојување од Русија по повеќе од 330 година, што украинските челници го сметаат важно за земјата, а покрај Московската патријаршија објавија дека нема да ја признаваат ниту Украинската православна црква, ниту Полската православна црква.

Томосот со кој се дава автокефалноста ја потпиша грчкиот екуменски патријар Варталомеј со челникот на новопрогласената украинска црква митрополитот Епифаниј и украинскиот претседател Петро Порошенко и други украински политичари во храмот на Свети Георгиј спроти резиденцијата на Вавселенскиот патријарх.

Томосот бил калиграфски сочинет на пергамент во Ксенофонтиевскиот манастир на Света Гора и во саботата утрото донесен во Истанбул. Свитокот поптишан од Вартоломеј ќе биде предаден на митрополитот Епифаниј во недела за време на праникот Богојавление, а потоа ќе биде пренесен во Киев и ќе биде прикажан на Божикната литургија во соборниот храм Светс Софија, а по 7-ми јануари оригиналниот томос ќе биде изложен во храмот Мала Софија.

Вартоломеј така ја поништи одлуката од пред 332 години кога украинаската православна црква влегла по окрилата на Московската патријархија, и којашто и сега има свои бројни следбеници во Украина. Патријархот така одговори на политичкото барање на украинскиот претседател Петро Порошенко и барањето за автокефалност поднесено во октомври 2018 година.

Со силна поддршка на политичките фактори во декември беше избран 39-годишниот митрополит Епифаниј да ја води новата украинска црква, а овој потег Порошенко го спореди со украинскиот референдум од 1991 година за независност од Советскиот сојуз.