Елена Рибакина, руската тенисерка која настапува под казахстанското знаме, го освои овогодинешниот Вимблдон во женска конкуренција.
Таа во финалето ја совлада Онс Жабер со 3:6, 6:2 и 6:2.
Моментално 23. тенисерка во светот по пресврт успеа да стигне до победа и до својот прв Грен слем трофеј.
Вака оваа 23-годишна тенисерка стигна до својот прв Грен слем трофеј во кариерата.
Рибакина денеска беше нешто поприсебна во клучните моменти од мечот, особено на брејк топките бидејќи спаси дури 9 од 11 со кои се соочи, за разлика од Жабер кој не беше толку успешен и дури загуби 4 гема на свој сервис. Видовме многу грешки и од двете тенисерки, што е нормално за финале, а на крајот Рибакина сосема заслужено стигна до својот прв Грен слем трофеј.
Ова е и голем удар за организаторите на Вимблдон, кои забранија учество за сите руски и белоруски тенисери, поради што турнирот беше санкциониран од АТП, а руската тенисерка одлучи да игра под знамето на Казахстан само за да настапи на годинешното издание на Вимблдон.