Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на британскиот музичар Елтон Џон кој во петокот ќе настапи во Белата куќа.
Авторот на хитовите како „Tiny Dancer“ и „Crocodile Rock“, 75-годишниот Елтон Џон ќе гостува на настанот кој го приредуваат претседателот Бајден и првата дама Џил Бајден, објави Белата куќа.
Елтон Џон веќе настапуваше во Белата куќа, во време на администрацијата на, исто како и Бајден, демократскиот претседател Бил Клинтон последните години среде скандалот со малолетничка проституција, а во 2017 година ја одби поканата да учествува на инаугурацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп.
Настанот кој го приредува претседателската двојка „ќе го слави единството и моќта на исцелувањето со музика, ќе му оддаде почест на животот и работата на сер Елтон Џон и обичните луѓе со секојдневните ‘хитмејкери’, како што се учителите, медицинските сестри, луѓето на првата линија на одбраната, борците за менталното здравје, студентите, борците за правата на LGBTQ+ и други“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Бајден во своите мемоари од 2017 година под насловот „Вети ми тато“ напиша дека на својот син Бо додека бил дете постојано морал да му го пее хитот на Елтон Џон „Crocodile Rock“, а потоа тоа го правел и многу години подоцна додека Бо умирал од рај,
„Почнав да му ја потпевнувам на Бо, толку тивко што никој друг не можеше да слушне. Бо не ги отвори очите, но можев, низ сопствените солзи, да видам дека се смешкаше“, напиша Бајден.