EMA додаде редок невролошки синдром како нуспојава од вакцината на „AstraZeneca“

Европската агенција за лекови (ЕМА) го додаде „извонредно реткото“ невролошко нарушување тјкн Гиjен-Барeовиoт синдром (GBS) на списокот можни нуспојави од вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“.

Синдромот Гијен-Баре (GBS) е ретка невролошка состојба во којашто имунолошкиот систем ја напаѓа заштитната обвивка на нерврните влакна. Повеќето случаи ги следи бактериска или вирусна инфекција, а повеќето луѓе целосно закрепнуваат.

ЕМА во средата обајви дека врската меѓу Синдромот Гијен-Баре (GBS) и вакцината „Vaxzevria“ на „AstraZeneca“ во најмала рака е „разумна можност“, бидејќи се забележани 833 случаи на ова нарушување откако до 31-ви јули се дадени 592 милиони дози од оваа вакцина.

ЕМА оваа нуспојава ја категоризираше како „многу ретка“, што е најниската зачестеност која некоја несакана појава може да ја има од примена на некој препарат. Агенцијата истакна истовремено дека ползата од вакцината на „AstraZeneca“ и натаму е многу поголема од ризиците.

Кон средината на јули американската Агенција за храна и лекови (FDA) издаде предупредување дека Синдромот Гијен-Баре (GBS) е можна нуспојава по вакцинирањето со препаратот на производителот „Johnson&Johnson“, наведувајќи дека шансите за појава на тоа нарушување се „многу ниски“.

Околу 12,8 милиони луѓе ја примиле вакцината на „Johnson&Johnson“ во САД до средината на јули, а пријавени се 100 извештаи за GBS кај вакцинираните со овој препарат, вклучително и 95 сериозни случаи кои барале хоспитализирирање и еден потврден смртен случај.

И двете вакцини ја користат векторската технологија и беа поврзувани со ретки случаи на згрутчување на крвта. Но „AstraZeneca“ на почетокот од летото објави податоци од испитување коешто покажува дека во европските земји пријавените смртни случаи по вакцинирање против коронавирусот како последица на згрутчувања на крвта се побројни по аплицирање на препаратот на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ кој се темели на новата технологија на ткн „информативна“ РНК (mRNA).

ЕМА истовремено во средата на листата ги додаде и побезопасните нуспојави за вакцините на „Johnson&Johnson“, „Modernа“ и „AstraZenecа“, како што се болки во рацете, нозете и стомакот, како и симптоми кои налекуваат на грип.