![ema](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/ema.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Европската агенција за лекови, ЕМА, ја започна својата ревизија на лекот сотровимаб како можна терапија против ковид-19.
Станува збор за моноклонално антитело развиено како терапија против ковид-19.
ЕМА денеска започна со разгледување на овој лек, неговата ефикасност за спречување тешки форми на болеста како и неговата безбедност за пациентите.
Доколку Агенцијата одлучи да го препорача сотровимабот за употреба против ковид-19, Европската Комисија се заложи дека експресно ќе дозволи негова комерцијализација на ЕУ пазарот.