Ен Хатавеј имала спонтан абортус додека глумела трудница

Актерката Ен Хатавеј проговори за спонатниот абортус во 2015 година, додека глумела трудница во претстава, објави BBC.

Во интервју за Vanity Fair, 41-годишната актерка вели дека нејзината прва бременост „не успеала“, додавајќи: „Играв претстава и морав да се пораѓам на сцената секоја вечер“.

Хатавеј, која оттогаш роди два сина, вели дека „се преправала дека сѐ е во ред“ за време на шестнеделното траење на претставата. Но, додава дека на пријателите им ја кажала вистината кога ја посетиле во театарот. „Беше премногу тоа да се држи во себеси“, вели актерката.

Хатавеј глумела пилотка која останува бремена во оф-бродвејстака претстава „Grounded“, која ја играше шест седмици во 2015 година. Изведбата барала однеа да го глуми породувањето секоја вечер.

Во тоа време, Хатавеј доживеала спонтан абортус.

Ѕвездата на „Ѓаволот носи Прада“ го пречека својот прв син Џонатан со сопругот Адам Шулман во март 2016 година.

Во објава на Instagram во јули 2019 година, Хатавеј објави дека е повторно бремена. Таа ја искористи објавата за да укаже на тешкотиите што ги имала со плодноста.

„Не е за филм“, напиша таа покрај фотографијата од трудничкиот стомак. „Настрана шегата, за секој што поминува низ пеколот на неплодност и зачнување, знајте дека ниту една од моите бремености не била лесна“.

Го роди својот втор син Џејк во ноември 2019 година.