Џенифер Лопез се вери за Бен Афлек по 18 години разделени

Џенифер Лопез објави дека е верена за Бен Афлек, 18 години откако двојката ја откажа првичната венчавка.

Пејачката и актерка ја откри веста на својот блог OnTheJLo, на кој спопдели снимка на којашто плаче додека се одушевува на огромниот зелен веренички прстен.

Видеото започнува со крупен план на прстено пред да се придвижи до нејзиното лице, каде што се чини дека ги брише солзите.

Лопез на Instagram и Twitter најави: „Имам навистина возбудлива и посебна приказна која сакам да ја споделам…“ и ја поттикна љубопитноста на обожавателите.

Веста доаѓа една година откако 52-годишната Лопез и 49-годишниот Афлек ја објавија романсата откако актерот се разведе од колешката Ен Дермас и раскинувањето на врската на пејачката со бејзбол ѕвездата 45-годишниот Алекс Родригез.

Лопез официјално потврди дека повторно е во врска со Афлек во објава на социјалните мрежи за својот 52-ри роденден кога сподели фотографија на којашто се бакнуваат додека биле на приватна јахта.

Холивудските ѕвезди претходно почнаа да се забавуваат во јули 2002 година, а се верија подоцна во ноември истата година. Најавија венчавка во септември 2003 година, но венчавката го одложија само неколку дена пред свеченоста. На крајот, дефинитивно ја откажаа веридбата во јануари 2004 година. Од тогаш станаа постојана двојка на црвените теписи, придржувајќи се меѓусебно на разни филмски премиери и доделувања награди.

Лопез објави дека се разделила од Родригез во април 2021 година, а со Афлек беше снимена во мај во Монтана.

Афлек претходно беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со којашто има три деца: Вајолет на 16, Серафина на 13 и Семјуел на 10 години. Се разведоа во 2018 година по 13 години брак.

Лопез, пак, десет години беше во брак со пејачот Марк Ентони. Двојката се разведе во 2014 одина, а заедно ги имаат близнаците Ема и Макс.