Џенова, на македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев кој вечерва беше поштеден, со 3:1 беше подобра во градското дерби со Сампдорија, додека исто така во средабата од четвртото коло Торино со 2:0 го совлада нисколигашепт Виртус Ентелa, со што се квалификуваа во осминаиналето од националниот фудбалски клуб.
Сампдорија поведе во 18 минута со голот на Вaлерио Вера, и го одржуваше водството до 60 минута, кога Џенова со три брзи гола во 12 минути направи целосен резултатски пресврт. Двоен стрелец беше Џанлука Скамака во 60 и 72 минута, а меѓу стрелците се впуиша и Лукас Лерагер во 68 минута.
Џенова и Пандев во следното коло ќе гостуваат кај големиот фаворит Јувентус.
Торино за две минути го реши дуелот со Виртус Ентела, а стрелци беа Симоне Заза во 28 и Федерико Бонаѕоли во 30 минута.
И Торино ќе има речиси невозможна мисија во следното коло, ќе му гостува на моментално водечкиот во Серија А тим на Милан.
Во средата пласман во осминфилето изборија Калјари кој ја победи Верона со 2:1, со гол во третата минтуа од судиското продолжение; Парма со истиот резултат ја доби Козенца, Специја по продолженијата со 4:2 беше подобар од домашната Болоња, а гостинска победа од 1:0 извојува и Фиорентина кај Удинезе.
Двојките во осминафинаелот се Аталанта – Калјари, Лацио – Парма, Наполи ќе игра со победнитот од дуелот меѓу Емполи и Бреша; Рома – Специја; Интер – Фиорентина; Милан – Торино, Сасуоло – СПАЛ о Јувентус – Џенова,