Џенова и Удинезе во осминафилето на Италијанскиот куп

Фудбалерите на Џенова, Удинезе и Венеција во вторникот вечерта се пласираа во осминафиналето на Италијанскиот куп.

Во дуелот на прволигашите Џенова на свој терен ја елиминираше Салернитана со 1:0. Ова беше првата победа на Андриј Шевченко на клупата на Џенова откако го презема тимот на 7-ми ноември, благодарејќи на погодокот на Калеб Екубан во 76 минута. Џенова во следната рунда ќе има голема пречка да се пласира во четвртфиналето во тимот на Милан.

Удинезе на домашен терен со 4:0 го совлада второлигашто Кротоне со головите на Ингасио Пусето во 20 и 62, Семастијан Де Мајо во 28 и Исак Сикес во 41 минута од пенал. Клубот од Удине во осминафиналето ќе гостува кај Лацио.

Фудбалерите на Венеција во осминафиналето ќе гостуваат кај Аталанта, откако со 3:1 го совлада вторилигашот Тернана. На стадионот „Пјерлуиџи Пензо“, Венеција славеше во дуелот во кој сите четири погодоци беа постигнати во вториот дел, а стрелци беа за домашните Дан Хејманс во 49, Домен Чрнгој во 66 и Франческот Форте 81 минута, а за гостите Стефано Петинари во 53 минута.