Епидемиолог смета дека рестриктивините мерки на сила ќе бидат уште две години

За да се држи ширењето на новиот тип коронавирус под контрола, луѓето ќе мора да живеат под рестриктивните мерки уште две или повеќе години, смета научникот кој го води швајцарскиот штаб за справување со овој вирус.

Епидемиолот и експерт за јавното здравство, Матијас Егер, смета дека се надева дека широкотто вакцинирање ќе започне за една години, но предупредува дека постојат уште многу пречки, пишува весникот NZZ am Sonntag.

„Засега слабо го познаваме вирусот. Можно е да откриеме непријатни квалитети коишто ќе го закомпликуваат и забават развојот на ефикасните и безбедни вакцини“, го цирите весникот швајцарскиот епидемиолог.

Предупредува дека луѓето и натаму ќе мора да носат маски, да ја одржуваат хигиената и да се придржуваат до хигиенските навики и правила и меѓусебно да ја оддржуваат физичката дистанца за да може да се контролира ширењето на вирусот.

Во пресрет на отворањето на основните училишта на 11-ти мај, Егер им порачува на родителите дека не траба да бидат загрижени, бидејќи не постојат прецизно документирани случаи во кои децата ги заразиле возрасните, и речиси не е забележан ниедн случај на зараза меѓу децата.

„Во светот има три милиона случаи со Covid-19. Податоците покажуваат дека децата не играат голема улога во ширењето на вирусот“, вели епидемиологот, но сосема на ја отфрла можноста за инфекција од децата, па ги замолува родителите сепак да бидат претпазливи.