Ердоган ја испраќа турската војска во Либија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потврди во четвртокот дека Турција ќе исправи воени единици во Либија, бидејќи Триполи тоа го побарал од Анкара и дека во јануари на парламентот ќе му поднесе предлог-законо кој тоа ќе го овозможува.

По соборувањето и ликвидацијата на поранешниот либиски автократски водач Моамер ел-Гадафи во 2011 година, Либија практично престана да функционира како единствена држава и сега во земјата има двовластие. На истокот власта е во парламент за кој гласаше тамошното население, а на западот во главниот град Триполи владее Владата на националното единство (GNA), формирана со поддршка на меѓународната заедница, која ја води Фајез Сараџ. Властите во источните делови дејствуваат независно од Триполи и соработуваат со LNA, предводена од маршалот Калифа Хафтар кој по соборувањето на Гадафи се врати од егзилот во САД и чии сили од април годинава се обидуваат да го заземат Триполи.

Анкара пред извесно време потпиша во Триполи два договора со владата Фајез Сераџ. Едниот се однесува на безбедносната и воена соработка, а другиот на демаркацијата на морската граница на источен Медитеран.

Владата на Сераџ со месеци дава отпор на офанзивата на силите на Хафтар кои продираат од источниот дел на земјата, а кои имаа добри односи со Русија, Египет и Обединетите Арапски Емирати.

„Имајќи предвид дека сега имаме повик (од Либија), же го прифатиме. Ќе го ставиме предлг-законот за испраќање единции во Либија на дневен ред веднаш штом парламентот ќе започне со работа“, изјави Ердоган во обраќањето пред членовите на неговата партија АКР. Додаде дека законот би требало да биде усвоен на 8-ми или 9-ти јануари.

Ердоган во средата го посети Тунис за да разговара за соработка со цел да се постигне прекин на огнот во Либија. Во четвртокот рече дека Турција и Тунис се договориле дека ќе ја поддржуваат владата во Триполи,.

Москва претходно изрази загриженост поради можното испрќање турски војници во Либија. А Ердоган минатата седмица рече дека Турција нема мирно да гледа како платенциите кои ги поддржува Русија му помагаат на Хафтар.