![REDZEP TAJIP ERDOGAN I ALEKSANDAR VUCIC](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/erdogan-i-vucic.jpg?resize=675%2C450&ssl=1)
Претседателите, на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, и на Србија, Александар Вучиќ, ја оценија во понеделникот во Белград соработката меѓу двете земји како „извонредно добра“ и истакнаа дека Анкара и Белград споделуваат исти цели и интереси во билатералните односи, надминувањето на проблемите од минатото и воспоставување на мирот и стабилноста на Балканот.
„Нашата соработка е на извонредно ниво и Турција ќе продолжи да дава поддршка за стабилноста на Балканот и ќе игра конструктивна улога во помошта земјите од регионот проблемите да ги остават зад себе и да соработуваат“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција по разговорите со Вучиќ.
Турскиот претседател во понеделникот ја започна својата дводневна посета на Србија, а за новинарите рече дека потпишувањето на деветте договори со замјата домаќин од областа на безбедноста, одбраната, културата, образованието, индустријата и технологијата, посочуваат колку биле плодни разговорите на претставниците на двете држави во Белград.
Двајцата челниците го истакнаа и значителниот и постојан раст на економската соработка на нивните земји, а Вучиќ наведе дека од 800-те милиони евра во минатата 2018 година, на „малку повеќе од милијарда евра“, за првите осум месеци од годинава размената е зголемена за 13 отсто, како и дека српскиот извоз од 2009 година е зголемен за седум до осум пати, а само на извоз на говедско месо Стбија наместо досегашните 25 милиони, ќе заработи 35 милиони евра.
Ердоган додаде дека целта во краткорочен рок е размената да достигне 1,8 милијарди евра а долгорочно 4,5 милијарди евра, и го наведе податокот дека новите вложувања на турските претприемачи во Србија изнесува околу 180 милиони евра.
Вучиќ, констатирајќи дека политичките односи меѓу двете земји се „извонредно добри“, рече дека со „залагањето на турскиот претседател воспоставена е голема доверба“ и најави неколку заеднички инфраструктурни проекти на подрачјето на Санџак, кој е мнозински населен со Бошњаци, и особено го истакна градењето на автопатот кој ќе ги поврзува Белград и Сараево.
На вториот ден од посетата на Ердоган на Србија, двајцата претседатели ќе присуствуваат на почетокот на работите на 20 километри долгата делница од автопатот Белград – Сараево, од Кузмин до Сремске Раче, во која се вложени 225 милиони евра. Договотен е и проект за 60 километри делница од Ужице до границата со БиХ кај Котроман, за чие градење ќе бидат потребни околу 830 милиони евра, а планирано е овој дел да биде завршен до 2024 година, со што „би биле вопоставен две делници од патот кон Сараево“ кои би ги приближиле „Србите и Бошњаците“.
Вучиќ истакна дека Србија и Турција годинава одбележуваат 140 години од воспоставувањето на дипломатските односи по Берлинскиот когрес и го цитираше некогашниот српски крал Александар Караѓорѓевиќ „Ние со Турцијте ги завршивме своите судири, а сега градиме мир“.
Вучиќ и Ердоган во вторникот ќе бидат домаќини на трилатерналната средба Србија – Турција – Босна и Херцеговина, чија делегација ќе ја предводат сите тројца членови на Претседателството на БиХ.