Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека испораката на руските ракетни системи С-400 на Турција би можела да заврши до април следната година.
„Се надевам дека повеќето компоненти ќе бидат испорачани до крајот на годината, а целиот процес ќе биде завршен до април следната година. Потоа ќе продолжиме по нашиот пат со поголема самодоверба“, рече Ердоган, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Претседателот посочи дека турски специјалци ќе бидат испратени во Русија на обука за управување на ракетни системи.
Испораката на руските ракетни системи почна пред два дена.