Анкара се залага за територијалнат целост на Сирија и нема намера да анкесира нејзина територија, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
„Целиотеа на Турција во разорената од војната Сирија никогаш не вклучувале обиди за инвазија или анексија на сириската територија“, изјави Ердоган на собир во Истабнбул кој го пренесуваше телевизијата NTV.
„Нашата единствена цел е да се создадат услови при коишто 3,6 милиони сириски бегалци во Турција и 1,5 милиони во Идлиб на порганичната област на турската гранциа би можеле безбедно да се вратат во своите домови, Сакаме што е можно поскоро да го обезбедиме територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија“, додаде турскот претседател.
Ердоган притоа појасни дека Турција потрошила 40 милијарди американски долари во прифаќањето на сириските бегалци, додека земјите од Европската унија и обезбедиле на Анкара само три милијарди евра за тие цели. Инаку, според договорот меѓу Турција и ЕУ во екот на мигрантскиот бран во кој 1,5 милиони мигранти и бегалци стасаа во западните европски земји, Брисел вети помош од шест милијарди евра за Анкара за задржувањето на мигрантите на своја територија.