Ќерката на Рене Госини пронашла недовршена скица за приказна за Астерикс

Ќерката на Рене Госини, еден од двајцата автрои кои стојат зад познатиот франциски цртан стрип за Астерикс, за германскиот весник Der Spiegel открива дека нејзиниот татко оставил недовршена скица за приказна за симпатичниот галски воин.

„Често размислуивам за тоа, станува збор за дваесеттина страници, а тоа е половина стрип“, вело Ан Госини во интервјуто кое викендов беше објавено во германскиот неделник Der Spiegel.

Станува збор за сценариопо под називот „Astérix au cirque“ пронајден во семејната архива за која се грижи Ан. Хронолошки би требачло да след по албумот „Astérix chez les Belges“. Додава дека постхумното довршување на приказната без нејзиниот татко би била „многу комплицирана“ задача.

„Би морале да собереме многу луѓе, да нурнеме во приказнатра и повторно да го ‘слушнеме’ гласот на Рене“, вело Ан додавајќи дека, заедно со тим соработници, во догледно време сигурно во тоа и ќе се обидат, бидејќи би станувало збор за извонреден потфат.

Астерик, заштитникот на последното галско село кое давало отпор на Римската империја, го осмислиле Рене Фосини, авторот на стрипот кој поќина во 1977 година, и Алберт Удерз, кој бил задолжен за илустрациите, а почина во март минатата 2020 година.

По смртта на Госини, Удерзо ја продолжи да работи на стрипот со помош на новите соработници.

Цртаните стропови за Астерикс се преведени на 77 светски јазиции, вклучитлено и на класичните јазици и на дијалекти. Рене Госини беше клучен за професијата писател на стрипови, којашто пред серијата цртани стрипови за Астерикс не постоеше.

Стриповите за Астерикс и неговиот помошник Обеликс се продадени во стотици милиони примероци ширум светот. Според некои од стриповите се направени анимирани и играни филмови.

Клучот на успехот се состои во тоа се соодветни за секоја возраст, од сосема малите деца кои ги привлекува визуелно, до возрасните кои можат да ги проценуваат бројните алузии и поврзаноста со историски настани и нивното карикирање. Имињата на ликовите, исто така, содржат алузии, па оттаму нивните преводи варираат од јазик до јазик.