Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган повика околу еден милион бегалци да се вратат во својата татковина за многу краток временски период и ги обвини светските сили дека ги штитат нафтените полиња повеќе од сириските деца.
„Треба да најдеме формула што ќе им овозможи на бегалците да останат во својата земја и за оние кои веќе заминале од Турција мирно да се вратат “, рече Ердоган.
Обраќајќи се на Глобалниот форум во Женева, тој изјави дека Турција потрошила 40 милијарди долари на бегалците во последните девет години и ја обвини Европската унија, која ветила помош од шест милијарди евра, за неисполнување на ветувањето.
„Сè уште чекаме на другите ветени три милијарди евра“, рече Ердоган.
Домови и училишта би можеле да бидат изградени во северната зона, каде 371.000 сириски бегалци се вратија од почетокот на турската операција што ја расчисти областа од „терористички организации“, рече Ердоган, повикувајќи се на Исламската држава и сириските Курди на ПКР и Курдистанската работничка партија.
„Ако ги спроведеме проектите што ги споменав на Генералното собрание на ООН, мислам дека можеме да прераспределиме еден милион луѓе за многу кратко време“, објасни тој.
Очигледно осврнувајќи се на САД, кои се обидоа да ги заштитат нафтените полиња по повлекувањето на Исламската држава, Ердоган додаде: „За жал, напорите за заштита на децата во Сирија не се ни приближно до оние за заштита на нафтените полиња“.