Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти се разведува од неговата 24 години помлада сопруга Марика Пелегринели со која беа пет години во брак и десет години заеднички живот.
„Заедно минавме десет неверојатни години, создадовме прекрасно семејство и доживеавме среќа што нема да ја заборавиме. Смирено и заеднички ја донесовме оваа одлука. нашиот однос е стабилен, а љубовта се претвори во почит и меѓусебно уважување, што нема да се смени. Ве молем, најмногу поради мир на нашите деца, во овие моменти да ја почитувате нашата приватност“, изјавија за италијанските медиуми.
Ерос (55) и Марика (31) заедно се од 2009-та. Се венчаа во јуни 2014, а заедно иамат две деца, Рафаела Марија и Габри Тули.