Ерусалим не е на продажба

Палестинското претседателство во средата за агенцијата AFP изјавило дека Ерусалим „не е на продажба“, реагирајќи на заканата од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја укине финансиската помош од САД во износ од 300 милиони долари, доколку Палестинците одбијат да преговараат со Израел.

„Ерусалим е вечната престолнина на палестинската држава и не може да се продава за злато, ниту за милијарди“, изјави за француската новинска агенција Набил Абу Рудеина, портпарол на претседателството на Палестинската самоуправа, алудирајќи на одбивањето на Палестинците да ги продолжат преговорите по одлуката на САД да го признае Ерусалим за израелска престолнина.

Американската одлука ги разгневи Палестинците коишто сакаат источен Ерусалим, заземен од Израел во текот на ткн Шестдневна војна од 1967 година и потоа го анектираше, за главен град на својата идна држава. Предизвика и бран критики и осуди како од муслиманскиот и арапскиот свет, така и од сојузниците на САД.

Статусот на Ерусалим е едно од најтешките прашања во долгите израелско-палестински преговори, бидејќи Израел останува на ставот дека Светиот град е „неделива и вечна“ престолнина на еврејската држава.

„Не се противиме на продолжувањето на преговорите, но тие мора да се засноваат на меѓународното право и резолуциите (на ОН) во коишто се признава независна палестинска држава со источен Ерусалим како престолнина“, додава Рудеина.

Тремп во вторникот се закани дека ќе ја укине постојаната американска финансиска помош за Палестинците.

„Им плаќаме на Палестинците СТОТИЦИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ годишно, а нема ниту признание ниту почитување. Бидејќи Палестинците повеќе не сакаат да разговараат за мирот, зошто би иднина би им уплатувале големи суми?““ од нивна страна, напиша американскиот претседател на Twitter.

САД во 2016 година преку својата агенција за развој USAID им донирал на Палестинците 264 милиони евра, покажуваат податоците објавени на интернет страницата на агенцијата. На тоа треба да се додадат и 225 милиони евра, коишто Вашингтон ги уплатил за програмите на ОН на палестинските територии.

Трамо не наведе во својата објава на каква помош мисли.

И палестинското исламистичко движење Хамас, коешто управува со појасот Газа, ја осуди „кукавичката политичка уцена која е одраз на варварското и неморално американско однесување“, истакнува во соопштението портпаролот на движењето, Февзи Барум.