Офанзивниот лев бек на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Ешли Кол, најверојатно во новата клупска сезона ќе го носи дресот на големиот ривал од домашниот шампионат, тимот на Ливерпул.
Репрезентативецот на Англија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а освен таа на Ливерпул, на неговата адреса официјална понуда испратија и раководните лица на Реал (М), ПСЖ, Јувентус и на Њујорк Ред Бул.
Убедливо најпримамлива била таа која е испратена од раководните лица на Лливерпул кои на 33-годишниот лев бек му нидат 2-годишен договор со опција за уште една година и неделна заработувачка од 120 илјади фунти.