„Етихад“ заради загуби продава 38 авиони за милијарда долари

Авио-компанијата „Етихад Ервејз“ од Абу Даби, која долго време се бори со финансикси проблеми, потврди дека продава 38 авиони на една инвестициска копмпанија и на една лизинг компанија, во договор вреден милијарда долари, јави Бета.

Ова е последната мерка за намалување на трошоците на националниот авиопревозник на Обеденетите Арапски Емирати.

Во соопштението „Етихад“ наведува дека продава 38 авиони, од кои 22 се „Ербас А330“ и 16 „Боинг 777-300Р“, во рамките на договорот со инвестициската компанија „ККР“ и лизинг компанијата „Алтава ер Ер Франс“.

„ККР“ соопшти дека  уште при купопродажбата, остварена на почетокот на 2020 година, авионите „Боинг 777-300Р“ му ги  враќа на „Етихад“ под наем, додека „Ербусите А330“ ќе бидат упатени на меѓународни клиенти.

„Етихад“ во последните три години забележа загуби од пет милијарди долари.

Паралелно со продажбата на авионите, „Етихад“ ќе ја откаже или ќе ја намали поддршката на авио-компаниите во кои инвестирал, а меѓу  нив се „Ер Берлин“, „Алиталиа“, „Ер Србија“, „Ер Сејшели“ и други.