Етиопија прогласи вонредна состојба, Тиграјците ја освојуваат тетриторијата

Етиопија во вторникот прогласи вонредна состојба откако силите од северниот регион Тиграј објавија дека освојуваат територии и разгледуваат поход на главниот град Адис Абеба.

Последен пат вавата мерка Етиопија ја воведе во февруари 2018 година на шестмесечен период пред пренесувањето на власт врз премиерот Абији Ахмед.

Објавата во државните медиуми следеше откако премиерот Абији Ахмед ги повика граѓаните да земат оружје за да се одбранат од Фронтот за национално ослободување на Тиграј (TPLF). Вонредната состојба воведена е откако TPLF објави дека последните денови ги заземал неколку градови и дека размислуваат за поход кон Адис Абеба, околу 380 километри јужно од нивните првични позиции.

Претходно во вторникот, властите во Адис Абеба ги повикаа жителите на етиопската престолнина да го регистрираат оружјето и да се подготват за одбрана на своите населби. Воведен е и полициски час и ограничено е движењето на населението, а илјади луѓе се приведени. Извршени се претреси од куќа до куќа, а прекршителите се приведени, се наведува во соопштението за јавноста. Пред објавата жителите нормално вообичаено се движеа по главниот град.

„Жителите може да се соберат во своето место на живеење и да ја чуваат својата средина. На оние кои имаат оружје но не можат да учествуваат во заштитата на своите средини, им се советуава да ѝ го предадат оружјето на владата или на своите блиски роднини или пријатели“, се наведува во драматичното соопштение на властите на Адис Абеба.

Владите на четири од 18-те региони во Етиопија, исто така, го повикаа населението да се мобилизира за борба против силите од Тиграј, објави државната телевизија Fana.

Конфликтот избувна точна пред една година, ноќта кон 3-ти ноември 2020 година, кога силите лојални на TPLF, меѓу кои и етиопски војници, заземаа воени бази во северниот регион Тиграј. Како одговор, премиерот Абији Ахмед испрати во регионот дополнителни воени единици.

TPLF доминираше во етиописката политика речиси три децении, но го загуби големото влијание кога Абији Ахмед ја презема должноста во 2018 година по долгите антивладини протести. Ахмед е припадник на народот Оромо, добитник на Нобеловата награда за мир пред три години за решавање на деценискиот конлфикт во регионот. Односите со TPLF се влошија откако го обвинија премиерот за централизирање на власта на сметка на етиопските регионални сојузни држави, обвинување кое Ахмед го негира.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Етиопија за „тешко кршење на меѓународно признатите човекови права“ и наведе дека планира да ја исклучи земјата од трогвскиот договор Закон (акт) за африканскиот раст и можностите (African Growth and Opportunity Act – AGOA) кој овозможува бесцарински пристап до американските пазари.