ЕУ изрази загриженост поради законот за ограничување на интернетот во Турција

ЕУ изрази загриженост во врска со донесениот закон за ограничување на интернетот во Турција пренесе „АФП“.

„Овој закон предизвикува сериозна загриженост тука“, изјавил портпаролот на Европската комисија, Петер Стано. Тој додал дека, бидејќи Турција е кандидат за членство во ЕУ, законот треба да биде разгледан во согласност со европските стандарди.

Претходно беше соопштено дека Долниот дом на турскиот Парламент го поддржа законот за заштита на информациите, за кој се смета дека ќе ја ограничи слободата на интернетот.

Во случај документот да биде усвоен, властите ќе можат да ги блокираат веб-сајтови, без претходно решение на судот.