ЕУ извезла 37 милиони дози од вакцините повеќе отколку што добиле нејзините членки

Европската унија извезла околу 37 мулиони дози од вакцината против коронавирусот повеќе отколку што ги поделила меѓу нејзините 27 земји членки, откриваат два неименувани извори на Reuters повикувајќи се на податоци од ЕУ.

Европската унија го избра заедничкиот пристап за набавка на вакцините против Covid-19, а според подтоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC) дистрибуирани се речиси 133 милиони дози од вакцините меѓу земјите членки,

Споредбено, ЕУ извеза 136 милиони дози од вакцините од 30-ти јануари во 43 земји. Во Јапонија се испорачани најмногу со 52,3 милиони дози, а го следи сега веќе поранешната членка на ЕУ, Велика Британија со 16,2 милиони дози, откриле соговорниците на агенцијата, откако Европската комисија им ги претставила во вторникот овие бројки на министрите на земјите членки.

Во декеври и јануари биле извезени уште околу 34 милиони дополнителни дози, покажуваат рамковните податоци на ЕУ за овие два месеца, со што вкупниот број извезени дози од ЕУ е за околу 37 милиони поголем отколку што се поделени меѓу земјите членки.

Кога станува збор за наподробните поподатоци достапни до 30-ти јануари кога ЕУ во го воспостави мејанизмот за надзор на протокот на вакцините: Канада, Мексико, Судиска Арабија, Швајцарија, Турција, Сингапур, Колумбија и Хонгкогн, покрај Јапонија и Велика Британија се десетте водчки приматели на извозот на вакцините од ЕУ.

Владите во ЕУ се под притисокот да го забрзаат своите програми за имунизација на своето население, кои заостануваат зад кампањите во Велика Британија и САД поради доцнењето на испораките со вакцините и поради нус-појавите појавени по вакцинацијата. Станува збор за притисокот и намерите да се стави под контрола третиот бран на коронаинфекциите во Унијата која има 450 милиони жители.

Велика Британија и ЕУ меѓусебно се обвинува за „националистички пристап кон вакцините“, кога Унијата го претстави системот за следење на извозот за да се утврди намалувањето на испораките на вакцината, особено од англо-шведската копманија „AstraZeneca“. Притоа Лондон не му ги испорача на Брисел дозите вакцини произведени во погоните на нејзината територија.

Разединетото воведување во вакцината во ЕУ го натера економските аналитичари да ги намалат своите очекувања за економското закрепнување во еврозната во овој квартал.

Претходно седмицава ЕУ изјави дека преку Австрија ќе пренесочи 651.000 дози од вакцините против Covid-19 на западен Балкан, од кои 119.000 во Македонија, до август за да им помогне на сиромашните соседни земји и да се спротистави на користењето на кинеските и руските вакцини во регионот, како наводно влијание на Пекинг и Москва.