Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во средата не дал никавата конкредна понуда на состанокот на кој разговарела за прашањето на мигрантите кои во голем број се обидуваат да влезат во Грција и Бугарија, периферните членки на Европската унија.
„До денеска на масата нема конкретен предлог, но се надеваме дека наскоро ќе формулираат план за да може брзо да го реализираат кога ќе постигнеме договор“, изјави портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
Додаде дека Турција својата одлука од минатата седмица за отвореање на границите на мигрантите кон ЕУ не ја смета за „политичка уцена“.
Претседателот Ердоган минатата седмица објави дека им го ослободува патот на мигрантите кон Европа. Оваа седмица порача, пак, дека оваа одлука нема да биде променета, незадоволен од она што го смета изостанување на поддршката од Западот во борбите во сириската покраина Идлиб, која е последното упориште на бунтовниците кои ги поддржува Анкара.