Еурофарм Пелистер убедлив на гостувањето кај Металопластика

Битолски Еурофам Пелистер со убедливи 34-27 ја победи Металопластика во Шабац и теоретски си обезбеди пласман во четвртфиналето од СЕХА лигата.

Металопластика му пруж силен отпор на Еурофарм Пелистер во првото полувреме, на одморот битолскиот тим замина со предност од 16:14.

Во второто полувреме клучен беше периодот од 38 до 45 минута, во кој Еурофарм Пелистер не прими гол, а постигна шест во низа и се одлепи на 27:18. Конечниот резултат гласеше 34:27 за Пелистер.

Чаневски имаше одлична партија со 14 одбрани, а пак Граѓан постигна седум гола од исто толку обиди, додека Мандалиниќ и Периќ реализираа по пет погодоци.

Со оваа трета победа, Еурофарм Пелистер дојде до девет бода во Групата А, шест повеќе од Металопластика и теоретски го обезбеди, најмалку, второто место.

Математиката вели дека ако успее да го совлада Загреб со чпетири разлика, во нивното соочување во Битола, тогоаш ќе го освои и првото место во групата А, што многу веројатно ќе значи дека во четвртфиналето ќе вкрсти со Вардар, ако црвено-црните се пласираат таму.