
Ракометарите на битолски Еурофарм Работник во саботата пред своите навивачи со победа од 25:23 над шпанскиот вицепрвак Бидасоа го завршија својот дебитантскиот настап во ракометната Лига на шампионите.
Во премиерниот настап на елитното натпреварување, Еурофарм Работик во десет кола оствари три победи, на Бидасоа, Савехоф, Кокс, и седум порази во рамките на Групата Ц.
Во прилог на битолчлани им одеше и податокот што шпанскиот тим од претходно го обезбеди првото место во групата и не играше со полна сила.
Првото полувреме помина во доминација на Бидасоа постојано имаше водство од четиди до пет голови (10:15), но во самиот финиш ракометарите на Еурофарм со серија од 4:0 заминаа на одмор со минимална негатива.
Во второто полувреме битолчани не дозволија да им се повтори грешката, ја преземаа контролата од противникот и во изедначена игра тие беа тимот, кој беше во водство. Победата ја обезбеди Владислав Остроушко со два гола во завршницата.