Во заостанатиот натпревар од 24-то коло на кошаркарската Евролига одиграна во вторникот вечерта, кошаркарите на милански Армани како гости во Истанбул го совладаа Фенербахче со 82:75.
Пет кола пред крајот на лигашкиот дел од елитното континентално натпреварување, Армани сега е на делба на 12-то место со сооднос на победи и порази 13-16 со уште еден италијански клуб Виртус од Болоња.
Двата клуба заостануваат две победи зад осмопласираната Басконија, којашто го држи последното место коешто води во четвртфиналето.
Фенербахче е петти со соодносот 17-12, додека на врвот е Олимпијакос со 21-8, пред мадридски Реал со 20-9.
ТАБЕЛА
1. Олимпијакос 29 21 8 2455-2195 50
2. Реал Мадрид 29 20 9 2436-2255 49
3. Барселона 29 19 10 2313-2215 48
4. Монако 29 19 10 2402-2335 48
5. Фенербахче 29 17 12 2410-2314 46
6. Партизан 29 16 13 2432-2362 45
7. Макаби Тел Авив 29 16 13 2393-2376 45
8. Басконија 29 15 14 2473-2320 44
9. Жалгирис 29 15 14 2187-2248 44
10. Анадолу Ефес 29 14 15 2359-2330 43
11. Валенсија 29 14 15 2380-2461 43
12. Армани Милано 29 13 16 2132-2198 42
13. Виртус Болоња 29 13 16 2261-2345 42
14. Црвена ѕвезда 29 12 17 2183-2259 40
15. Баерн 29 11 18 2227-2308 39
16. Панатинаикос 29 10 19 2251-2357 39
17. Алба Берлин 29 8 21 2290-2438 37
18. Асвел 29 8 21 2174-2337 37