Европа следната седмица на удар на топлотен бран

Метеоролозите најавуваат дека следниата седмица жителиет на Стариот континент треба да очекуваат топлотен бран „невиден“ за јуни со температури околу 40 Целзиусови степени, а кој јеќ зафати и дел од западна Европа.

Од Велика Британија до Белгија и Грција, топлотниот бран ќе дојде од Магреб во Северна Африка и Шпанија со високи температури кои почнуваат уште викендов, а кулминацијата се очекува кон средината на следната седмица.

Во Германија метеоролозите предвидуваат температури до 37 Целзиусои степени во вторникот, односно 38 степени во среда, а слични горешните се очекуваат и во Белгија и во Швајцарија.

Британскиот метеоролошки завод MetOffice особено е загрижен дека топлотниот бар може да поттикне „силни бури“, па ги предупредува Британците да се подготват за „жешко, влажно и нестабилно“ време.

Грција, пак, ќе биде меѓу земјите најтешко погодени од топлотниот бран со температури до 39 степени, какви што се најавуваат и во Македонија.

Во Франција се најавува „невиден топлотен бран за месец јуни“ којшто, според процените, ќе ги надмине претходните топлински рекорди за првиот летен месец. Во 2003 година Франција претрпе интензивен топлотен бран кој предизвија смрт на речиси 15.000 главно постари лица. Од вторник температурите во оваа земја ќе се искачат од 35 до 40 Целзиусови степени, а на населението нема да му биде полесно ниту ноќе, предвидуваат метеоролозите.

„Од 1947 година само топлотниот удар од 18-ти до 28-ми јуни 2005 година бепе интензивен“, се анведува во предупредувањето од Meteo France, и се предвидува дека горештините може да потраат шест дена.

Доаѓањето на интензивниот топлотен бран повторно покажува каков е ефектот од глобалното затоплување на планетата, а ваквите временски услови веројатно ќе бидат почести во иднина, предупредуваат метеоролозите.