Европски суд за човекови права пресуди: Задолжителната вакцинација е легална

Европскиот суд за човекови права денес донесе пресуда во која се наведува дека задолжителната вакцинација е легална и дека можеби е потребна во демократските општества.

– Во Чешка постои општа законска обврска да се вакцинираат деца против девет познати болести. Родителите кои не ја почитуваат оваа обврска, без добра причина, може да бидат казнети со парична казна, а децата кои не биле вакцинирани не се примени во градинките – се вели во пресудата.

Пресудата беше донесена по жалбата на неколку чешки семејства до судот поради задолжителната вакцинација на деца.

Иако пресудата не се однесува директно на вакцините против вирусот ковид-19, експертите сметаат дека тоа може да има импликации врз таа вакцинација, особено кај луѓето кои досега одбиваа да примат вакцина.