Европскиот суд пресуди против Adidas во спорот за логото со три линии

Европскиот суд пресуди во средата против германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ во долготрајниот спор околу логото со три линии, заклучувајќи дека не е доволно специфично за да ужива правна заштита.

Во 2014 година Бирото за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPO) го регистрираше стоковиот печат на „Adidas“ кој го сочинуваат три паралелни црни линиии на бела заднина. Две години подоцна EUIPO ја поништи одлуката на основа на приговорот на белгиската компанијата „Shoe Branding Europe“ дека не е доволно специфичен. Од „Adidas“ се жалеа на оваа одлука.

Германската и белгиската компанија со години се спорат околу логото со линиите, имајќи предвид дека белгиската компанија сака да користи лого со две линии, Европскиот суд денеска ја одби жалбата на „Adidas“, согласдувајќи се со мислењето на EUIPO дека стоковиот печат на германската компанија не е посебен.

„Печатот не е шематски приказ на низа елементи кои се повторуваат во правилни интервали, туку обична фигуративна ознака“,напиша судот во објавата за јавноста.

Судиите го отфрлиле аргументот на „Adidas“ дека неговиот стоков печат попримил карактеристики на посебност, благодарејќи на раширената употреба во целата Европска унија, истакнувајќи дека компанијата приложила релевантни докази за пет од 28-те земји членки на ЕУ.

Многумина примерите кои ги дал „Adidas“ ги оценија за неважни, меѓу другото и поради тоа што вклучувале само употреба на различни бои.

Пред објавувањето на пресудата, портпаролката на „Adidas“ истакна дека конкретниот предмет се однесува само на една верзија на логото со три линии, Денешната пресуда нема да влијае врз обемната заштита на другите форми на логото со три линии преку институтот на стоков печат, тврди. На денешната пресуда „Adidas“ може да се жали пред Европскиот суд на правдата.