Европскиот суд донел одлука дека сервисот за размена на видео материјали YouTube во сопственост на американскиот технолошки гигант Google, како и другите платформи, не се одговорни за кршење на авторските права за содржината којашто корисницит ќе ја пренесат на своите платформу под одредени услови.
Овој случај е последниот во развојот на настатани во долгогодишната борба меѓу европската креативна индустрија и мрежните платформи. Додека првите бараат од вторите бараат компензација или дејствување за неовластено користење на содржината коа се пренесува на приватни платформи.
Интернет сервисот се најде на обвинителната клупа откако музичкиот продуцент Франк Петерсон ги тужеше YouTube и Google во Германија порди тоа што корисниците на мрежата во 2008 година пренеле неколку фонограми на кои тој полага авторски права.
Во друг случај, продуцентската куќа „Elsevier“ во Германија го тужеше Cyando, сервисот кој пружа услуги за чување на податоците, откако неговите корисници пренеле неколку дела на продуцентот на својата платформа Uploaded во 2013 година без одобривање од „Elsevier“.
Германскиот суд дополнително побарал совет од Европскиот суд, кој во вторникот донел пресуда во двата случаи. Станива збор за случаите водени под ознаките C-682/18 YouTube и C-683/18 Cyando.
„Моменталната состојба е операторите на интернет пларформите во принцип самите да не комуницираат со јавноста за содржината која е заштитена со авторските права, а коишто илегално ги објавиле корисниците на овие платформи“, соопшти Европскиот суд.
„Меѓутоа, овие оператори создаваат таква комуникација во кршењето на авторските права, кога не само така што овие платформи ги прават недостапни, туку и овозможуваат јавноста да има пристап до таквата содржина“, се додава во изјавата на европските судии.