Единствен здравствен сертификат во ЕУ ќе биде достапен за граѓаните на земјите членки од 15 јуни. Ова го објави Тиери Бретон, еврокомесар на ЕУ за внатрешен пазар, кој ја надгледува политиката за вакцинација во Европската комисија (ЕК).
-Докуменот ќе биде достапен од 15 јуни низ цела Европа. Сертификатот не е потребен, но авиокомпаниите може да го бараат тоа, изјави Бретон за телевизијата LCI.
-Документот ќе содржи име на сопственикот, датум на раѓање, број на пасош, како и информации дали е вакциниран и со која вакцина и дали е болен или не, рече тој. Во отсуство на таков сертификат, како што наведува еврокомесарот, патникот ќе мора да помине тест за корона вирус.