Британскиот весник Фајненшл тајмс во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд инвестициите ФДИ за 2019, од кој се гледа дека Македонија тоне.
Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија бележи огромен пад за само две години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните, но и надвор од нив.
Во 2016 година бевме на високото 3-то место, а за само две години по смената на власта Македонија доживеа пад од 15 места и сега се наоѓа на 18. место.
Се потврдува тезата на опозицијата дека странски инвестиции во Македонија нема, она што се прикажува како инвестиции од странски фирми е реинвестираната добивка на претпријатијата кои дојдоа во времето кога ВМРО- ДПМНЕ беше на власт.
Актуелната власт постојано повторува дека НАТО, како и датумот од ЕУ, ни носат директни странски инвестиции, но во практика состојбата е сосема поинаква.
Соседна Србија, иако не е кандидат за членство во Алијансата, е светски рекордер според директни странски инвестиции.