Фактор: Штериев и Берзата го кршат законот за хартии од вредност

Иван Штериев, главниот извршен директор на Македонската берза за хартии од вредност си дозволува тогаш кога тој ќе оцени, да го пробие рокот за објава на податоци, објави Фактор.

Според тврдењата на порталот ситуацијата дополнитено се проблематизира затоа што Законот за хартии од вредност го крши институција која е единствен организатор на пазарот на капитал, и која по дефиниција треба да биде пример за транспарентност и почитување рокови. Во годината кога го прекрши ЗХВ Штериев имал бруто плата од 62.000 евра, што е 25 отсто од фондот за плати за сите вработени на берзата лани.

„Фактор“ поседува доказ од кој е очигледно дека Штериев го прекршил ЗХВ во однос на роковите за објавување на податоци. Станува збор за обврска за акционерски друштва согласно со член 166 од ЗХВ. Да биде иронијата поголема истиот Штериев дава опомени за компании кои не ги почитуваат законските прописи кои ја регулираат областа на тргувањето со хартии од вредност.

Како е прекршен ЗХВ?

На акционеркото собрание на Македонската берза за хартии од вредност на својата 34 седница одржана на 30 мај 2018 година акционерите донеле одлука за усвојување на ревидирани финансиски извештаи за работењето на берзата. Согласно со ЗХВ друштвото, а во случајот Македонската берза за хартии од вредност морала да ги објави тие податоци во рок од 15 дена, што значи до 15 јуни 2018 година. „Фактор“ поседува принт скрин објавен подолу од кој се гледа дека финансиските извештаи се објавени на 21 јуни или 6 дена по истекот на законскиот рок за објава. Тоа е прекршување на ЗХВ од страна на менаџерот на пазарниот оператор кој е задолжен и платен месечно со 5.000 евра строго да се придржува до законските одредби и да биде пример за сите други објавувачи на информации.

 

Овој податок може да го проверите и доколку рачно во базата на податоци впишете временски интервал пред и по 21 јуни 2018 година.

 

Доколку се обидете автоматски да го пребарате од смартфон се прикажува ERROR со објаснување an eror was ocured while processing your request .

Целиот текст на Фактор можете да го прочитате ТУКА.