Фактор: Владата раскина договор за закуп на земјиште во Бунарџик со две странски компании за еден месец

Владата за помалку од еден месец раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, пишува фактор.мк

Минатата недела Владата му даде дозвола на Дирекцијата да го раскине договорот со фармацевтската компанија Саген, кој требаше да инвестира 20 милиони евра во Илинден. Со албанскиот инвеститор беше потпишан договор во 2018, кога на прес-конференција беше објавено дека ќе вложува во две фази и дека ќе отвори 300 работни места. Подоцна имаше и свечен чин на отпочнување на изградбата со владини претставници.

Две недели претходно беше одлучено да се раскине договорот со Кеслер. Германската компанија која во Бунарџик најавуваше 150 висококвалификувани вработувања во Бунарџик најверојатно останува да произведува електромотори во изнајмениот објект во Илинден. Договорот со Кеслер беше постигнат на крајот на 2017 а беа најавувани 150 вработувања, пренесува фактор.мк

Целиот текст можете да го прочитате на фактор.мк