7.8 C
Skopje
петок, ноември 8, 2024

Фалименто влада, фалименто платформа

Пропадна ли долгонајавуваната платформа на министерката за образование, Мила Царовска? Со задоцнување од еден месец, денес се очекува да почне новата учебна година. Беше најавено дека најголем дел од училиштата наставата треба да се изведува онлајн, преку националната платформа. Но, на ден пред почетокот на учебната година наместо на националната платформа, наставниците и професорите се обучуваа за алтернативни алатки на одржување на наставата, пишува Курир.мк

Имено пред два дена на наставниците им стаса маил насловен „Итно- инструкции за тестирање на онлајд часови во 19:00 часот“. Овој маил на наставниците им стасал истиот ден во 17:45 часот. Маилот е со појаснување дека наставата ќе се пренасочи од Платформата на порталот portal.microsoftonline.com. Овој портал се користел за онлајн часови пред неколку месеци, период кога државата беше во вонредна состојба.

Според ИТ експерти наставата е пренасочена на порталот бидејќи така нема да се случува секоја минута паѓање на системот, бидејќи платформата не може да издржи да се вклучат околу 200.000 користици. Порталот се користи и во другите земји, е докажан како добар бидејќи луѓето го применуваат за онлајн часови и конфренции.

КРАХИРА ПЛАТФОРМАТА

Наставниците и директорите велат дека пpоблeм е што многу се доцнело со подготовките на платформата. Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и наставник во ОУ „Кочо Рацин Скопје“, вчера за дневникот на ТВ Сител рече дека според последните информации кои што ги добила учебната година ќе започне преку „Microsoft Times“, а не според Националната платформа. Како што рече Попова, според ова ќе им бидат потребни 40-тина минути на секој наставник да ги вклучи учениците да ја следат настават преку онлајн.

„Последните насоки кои што ги добивме од страна на директорот е дека утрешниот ден односно почетокот на учебната 2020/2021 година ќе почне со одделенски час со нашите одделенија и повторно нагласувам не преку Националната платформа, туку преку „Microsoft Times“. Ние треба да ги повикаме поединечно еден по еден сите ученици за да можат да се вклучат. Ако знаеме дека сега часот е само 30 минути нас само за да ги вклучиме учениците ни требаат најмалку 40-тина минути. Така да може да замислите ако надлежните не планираат да отстапат од ова и да се вратиме на пример предлог на тоа што сме го работеле нас ќе ни треба само 40-тина минути само да ги вклучиме ученици само во мојата паралелка“, вели таа и додаде:

„Јас имам распоред за мојата паралелка, денеска ќе им го пратам. Ако работеше Националната платформа ние како училиште и како нивни наставници бевме подготвени да ги држиме сите 6, 5 или 4 планирани часови, но за жал тоа не може да се случи“.

Професорите од ФИНКИ кои беа дел изработката на Националната платформа велат дека истата може да го издржи целиот притисок од страна на корисниците, односно наставниците и учениците, но додаваат дека треба да се дофинализира платформата за да биде целосно функционална.

 

ОБРАЗОВАНИЕ НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ

Националната платформа преку која учениците треба да се поврзат за да следат настава падна на самиот старт.

Од Министерството за образование и наука смируваат, односно велат дека тоа е дел од тестирањето и станува само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата. „Ова е очекувано, затоа служи тестирањето, тоа е поентата, да се види издржливоста на платформата – велат од МОН, додавајќи дека не станува збор за некаков проблем со платформата” , објави „Слободен печат“.

Министерството за образование ги информираше родителите освен интернет приклучок компјутерот на секое дете треба да биде минимум седма генерација i3 процесор, на минимум 1,6 GHz или еквивалетен AMD процесор, минимум 4 GB RAM меморија, хард дискот треба да има минимум 128 GB SSD, екранот да има минимум 1024 х 768 резолуција, минимум 128 MB графичка меморија, оперативниот систем да биде Windows 8.1 или Windows 10, уредот да има USB 2.0 видео камера или стандардна лаптоп камера, а исто така треба да има звучници и микрофон. Според пазарните цени тоа значи најмалку меѓу 15.000 и 20 илјади денари за настава за едно дете.

Платформата требаше да ја користат околу 250.000 ученици и 25.000 наставници на пет наставни јазици. МОН ја креираше во соработка со ФИНКИ и со помош на комората за ИТ-технологии – МАСИТ.