Полицијата приведе арамии кои краделе во куќи, станови, патнички возила и цркви низ Струмица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се приведени четири лица, Ш.М.(25), А.А.(24), Н.Н.(35) од Струмица и Џ.А.(30) од Радовиш кои сториле 11 тешки кражби и две кривични дела „кражба“.
Пријавените во текот на ноември на подрачје на Струмица краделе во куќи, станови, патнички возила и цркви, при што одзеле денари, евра, швајцарски франци, мобилни телефони, златен накит, ловна и воздушна пушка, камери и 13 бакарни казани, а украдениот златен накит подоцна го продавале во златари во Струмица.