СДСМ турка федерализација за да и’ се додвори на ДУИ

Пандов: Повикот за федерализација е равенство со вооружен конфликт

Политичкиот аналитичар Александар Пандов во изјава за „Нетпрес“, смета дека идејата за федерализација на Македонија е опасна и единствено може да води кон воен конфликт.

Според него јавните изјави на опозициските експоненти, кои се однесуваат на ова прашање се во тесна координација со политиката на СДСМ, која погазувајќи го државниот интерес, гледа начин да се додвори на албанскиот електорат, за формирање на евентуална коалициија со албанските партии на изборите во април.

Пандов: Со ставовите за федерализација опозицијата сака да ги купи симпатиите на албанските политички партии
Пандов: Со ставовите за федерализација опозицијата сака да ги купи симпатиите на албанските политички партии

Работите во политиката никогаш не се случуваат случјно, секогаш се планирани од некој центар. Ставот на Љубомир Фрчковски, претседателски кандидат на СДСМ дека е потребен Албанец за премиер, изјавата на Зоран Заев за косовска телевизија за двојазичноста дека е природен процес за кој што е дојдено време или на Бранко Героски, во која отворено се залага за федерализација е случано.

Сето тоа е во координација со политиките што ги презема  СДСМ.
А, позадината на тоа е што опозицијата сака да ги купи симпатиите на албанските политички партии, во обид  да може да коалицираат на изборите во април и да направат малцинска влада. Втора работа е да се создаде политичка присила и политичка криза, каква што и во моментот ја има во земјава, а оди во корист на пропагандите што ги шири СОРОС и организациите поддржани од неа. Нормален човек е невозможно да се залага за такви политики, вели Пандов.

Тој прашува дали…