Филипче: Јануари ќе биде најкритичен месец

Најризичен период кој следува во однос на коронавирусот е јануари, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Во вечерашната Топ Тема на Телма објаснува дека јануари е период кога ќе заврши циклусот од два месеца кога луѓето ќе поминуваат повеќе време во затворен простор.

Тој е категоричен дека полициски час нема да има на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика, туку можно е само во одредени општини или населби.

Сепак, предупредува дека казни за неносење маска мора да има, бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.

Во емисијата ги најави брзите тестови за ковид-19 кои многу скоро се очекува да бидат достапни и во болниците во нашата држава. Посочи дека тие како Министерство планираат надградување на стратегијата за тестирање, односно ова воспоставување на стратегијата за широко тестирање.

Освен во болниците министерот Филипче, додаде дека брзи тестови за ковид-19 ќе има и на граничните премини, но пред тоа ќе треба да се подготви стратегија.