3.8 C
Skopje
вторник, февруари 4, 2025

Филипче: Силниот есенски бран ги оптовари лабораториите

„Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини“, стои во Фејсбук статусот на министерот за здравство, Венко Филипче.

-Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, пишува тој.