Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Шведската меѓународна развојна агенција (СИДА) и Луксембург, обезбедија финансиска поддршка, во висина од 25 милиони евра, за жените-претприемачи на мали и средни претпријатија од Западен Балкан.
Програмата која се води под мотото “Жени во бизнисот”, ќе се спроведува со следните четири години и е наменета исклучиво за жени-претприемачи на мали и средни претпријатија кои имаат потреба од финансии и совети.
“На почетокот Банката ќе обезбеди 20 милиони евра кои ќе бидат наменети за креирање на кредитни линиии за бизниси управувани од жени”, соопшти ЕБОР.
За спроведување на Програмата СИДА обезбеди 3,6 милиони евра, а додека пак, Луксембург 1,5 милиони евра.