Финскиот парламент се изјасни за влез во НАТО

Финскиот парламент се изјасни во вторникот за приклучување на земјата во НАТО со големо мнозинство од повеќе од 95 отсто од пратениците, со што се овозможува Хелсинки да ипрати во седиштето на Сверноатлантскиот воен сојуз формални барање за членство.

На крајот од дводневната парламентарна седница, нацрт-барањето са пристапување на Финска во НАТО е усвоео со 188 гласови „за“, осум „против“ и ниеден воздржан.

Шведска и Финска најавија дека за неколку дена ќе поднесат барање за членство во НАТО, што е пресврт во нивната децениска политика на воена неутралност, а на тоа ги поттикнало менувањето на геополитичката клима во Европа по почетокот на руската воена интервенција во Украина кон крајот на февруари.

Претходно во вторникот шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав изјави дека Шведска има намера да му пристапи на НАТО „паралелно и во договор со Финска“. „Го правиме историскиот избор заедно со нашата братска земја“, рече шведскиот суверен на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто кој за одлуката на Хелсинки викендот телефонски го извести рускиот претседател Владимир Путин.

„Предизвиците на двете земји значат можности за консензус и подлабока соработка, за да бидеме уште посилни“, рече шведскиот крал,

Ниинисто, пак, за соработката на Финска со Шведска рече дека „нашата безбедносна политика е слична долго време и сега исто така, кога ситуацијата наложува, потезите ги преземаме заедно.