Фиорентина во Торино го декласираше Јувентус

Фудбалерите на Фиорентина приредија во вторникот вечерта своевидна сензација победувајќи го во рамките на 14-ти коло на италијанското провенство актуелниот шампион Јувентус со чисти 3:0, и тоа на неговиот стадион.

Ова е ден кој навувачите и фудбалерите на Јувентус долго ќе го паметат. Прво Италијанскиот олимписки комитет (CONI) донесе одлука натпреварот Јувентус – Наполи која беше регистрирана со 3:0 во полза на „Старата дама“ затоа што гостите одбија да отпатуваат поради локалните епидемиолошку прописи, дека сепак мора да се одигра, а потоа Фиорентина го декласираше торинскиот тим.

Ова е прв првенствен пораз сезонава на Јувентус, и прв на овој стадиот со три гола разлика. Ова воедно беше и првата победа на Фиорентина во последните седум натпревари и прва лигашка победа воопшто во Торино од март 2008 година.

„Виолите“ поведоа уште во 3 минута со голот на Душан Влаховиќ на асистенција на Франк Рибери. Веројатно клучниот момент на мечот се иодогра во 18 минута кога Јувентус остана со играч помалку по исклучувањето на Хуан Квадрадо поради остар старт. Во продолжението гостите постигнаа уште два погодока, односно во 76 минута автогол си постигна Алекс Сандро а во 80 минута за Фиорентина погоди Мартин Касерес.

Јувентус моментално со 24 бодови остана на четвртото место, но по завршувањето на колото теоретски може да падне до осмата позиција. За Фиорентина, пак, ова беа многу важни бодови во борбата за опстанок со кои скокна моментални на 15-то место со 14 бодови, пет повече од зоната на испаѓање.

Во претходниот натпревар и Кротоне освои три важи бодови во настојувањата да ја избегне опасната зона со победата од 2:1 над Парма. Жуниор Месиас со головите во 24 и 44 минута донесе сигурна предност за домашните, а во 57 минута намали Јурај Кицка.

Кротоне со оваа победа го напушти самото дно на табелата и со 9 бодови е на 18-то место, а зад него сега се Торино и Џенова со по 7 бодови.

Во среда на распоредот се преостанатите осум натпреаври од колото, а дербито се игра на „Сан Сиро“ каде што првопласираниот Милан со 31 бод го пречекува осмопласираниот Лацио со 21 бод.

Во другите мечеви се среќаваат: Верона – Интер, Болоња – Аталанта, Наполи – Торино, Раома – Калјари, Сампдорија – Сасуоло, Специја – Џенова и Удинезе – Беневенто.