
Фудбалерите на Фламенго од Рио де Жанеиро втора година по ред се шампиони на Бразил, иако во последното првенствено коло со 1:2 се поразени на гостувањето кај Сао Паоло, но нивниот главен конкурент Насионал одигра 0:0 на својот стадион против Коринтианс, па Фламенго со бод предност ја освои титулата.
Фламенго во 38 кола оствари 21 победа и освои 71 бод, додека екипата на Коринтианс од Порто Алегре го заврши првенството со 20 победи и 70 бодови.
Дуелот на стадионот „Морумба“ во Сао Пало заврши пред последниот свиреж на арбитрот во Порто Алегре, па играчите и водството на Фламенго на купче на теренот и на мобилните уредеи го следеа финишот од пресметката меѓу Коринтианс и Интернасионал. Кога судијата означи крај на дуелот, во Сао Паоло започна прославата на тимот од Рио.
Иако по првите три кола беа на самото дно на табелата, фудбалерите на Фламенго по промената на теранот Доменек Торенто и доведувањето на Рожерио Сени на клупата започна искачувањето на табелата кое заврши со осмата националната титула првак.
За поранешниот одличен голман Сени ова е првиот трофеј како тренер, а го освои токму на стадионот на кој го обожуваа додека бранеше за Сао Пауло.
Интернасионал со победата можеше да дојде до својата четврта титула, а прва по 1979 година.
Од првата бразилска лига испаднаа два великана Васко да Гама и Ботафого, како и Гоиаш Коритиба.