![Volkswagen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/Volkswagen.jpg?resize=640%2C421&ssl=1)
Германската групација „Фолксваген“, денеска соопшти дека ќе плати казна во висина од 14,2 милиони долари во Индија, поради инсталирање на софтвер во возилата, чија цел била да ја прикрие реалната емисија на штетни гасови.
Одлуката е донесена и покрај жалбите на компанијата до индискиот Врховен суд за пресудата од Националниот суд.
Индискиот суд на 16-ти ноември соопшти дека дизел возилата на „Фолксваген“ придонеле за загадување на градот Њу Делхи, поради прекумерна емисија на азотен моноксид и дека ќе побараат апсење на директорот на таа компанија, доколку до 18-ти јануари не ги плати казните.
Претходно, во 2016 година „Фолксваген“ призна дека е виновна за кривичните пријави поднесени од властите на САД и платија 2,8 милијарди долари отштета поради измама на тестот за дизел мотори.