![foto-avtobus-prevrte-belgrad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/foto-avtobus-prevrte-belgrad.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
На својот Фесјбук профил директорот на белградскиот паркинг сервис објави страшни фотографии од автобусот кој пред три дена излета од патот и се преврте во близина на Белград.
Во несреќата загина една жена, а 61 лице беше повредено, меѓу кои и деца.
Околу 20 патници беа тешко повредени во несреќата, која најверојатно се случила откако возачот заспал.
Загинатата Драгана седела на долниот кат од автобусот држејќи ја својата ќерка во скутот која е тешко повредена, како и нејзнината баба.