Близначките Лили и Грејс Џонстон имале само по 907 грама кога се родите 13 недели пред крајниот термин.
Иако лекарите им рекле на родителите дека шансите за да преживеат се многу мали, близначките храбро се избориле, пишува Дејли мејл.
Луѓето од персоналот во болницата ја направиле оваа фотографија, која ги трогна срцата на многумина ширум светот. На неа се близначките кои биле споени во ист инкубатор после седум недели. Веднаш штом ги ставиле заедно, тие се фатиле за рака.
Нивната борба траела два месеци, по што конечно успеале да се изборат. Денес се здрави едногодишни девојчиња кои се поврзани како и тој ден кога се држеа за рацете.